Достапни линкови

logo-print

Македонија и СЦГ имаат иста цел


Македонија и Србија и Црна Гора имаат иста цел, оценија македонскиот и претседателот на СЦГ, Бранко Црвенковски и Светозар Маровиќ, за време на неговата прва официјална посета на Македонија:

„Она што во овој момент претставува посебен квалитет, е тоа што и двете држави делат заеднички определби за иднината, и двете држави сакаат да бидат дел од заедничкиот европски дом. Наша определба е да дадеме целосна поддршка за побрз напредок на СЦГ на тој план.“

„Пораката што можеме да ја пренесеме е дека овде не живеат народи и држави кои се во судир, туку народи кои сакаат да соработуваат.“


За време на разговорите, освен за билатерланите односи меѓу двете земји биле актуелизирани и неколку отворени прашања. Шефот на македонската држава, информираше дека од Маровиќ побарал, српските власти да направат напори, одбележувањето на годишнината на АСНОМ да се направи во манастирот Св. „Прохор Пчињски“. Во врска со тоа Маровиќ изјави:

„Битно ни е да направиме се, одбележуавњето на националниот празник на Македонија да помине во духот на добрососедските односи. Српските власти работат на отстранување на сите претпоставки и сомневања дека празникот ќе се одбележи несоодветно.“

Инаку, Маровиќ не сакаше да ги коментира обвинувањата на македонските власти, за наводна корумпираност на српските судови за случајот Даравелски:

„Не би брзал со такви квалификации. Со полно разбирање, му соопштивме на Црвенковски дека потполно ќе го испитаме тој случај.“

Маровиќ, за време на дводневната посета на Македонија, е придружуван од неколку члена делегација. Резултатот на оваа посета претставува и потпишувањето на два договори, за заштита на македонското и српското малцинство во двете земји и за правна помош во граѓански и кривични предмети.
XS
SM
MD
LG