Достапни линкови

logo-print

Потребни се реформи во законската регулатива


Во текот на една калндарска година во Македонија се решаваат еден милион и 200 илјади предмети, на кои работат над 600 судии во земјава, вели претседателот на Републичкиот судски совет Ленче Софрониевска која се согласува дека на судството во Македонија му е потребна темелна реформа.

„Треба да се направат реформи во законската регулатива и во материјалните и во процесните закони. Во материјалните закони во смисла на тоа што треба да се обезбедат подобри решенија за поуспешно пресудување, затоа што имаме закони коишто се меѓусебно спротиставени. А, особено треба да се изменат процесните закони коишто не го издржаа тестот на времето, и коишто покажаа дека одредени одредби во процесните закони директно влијаат во одолговлекувањето на постапката пред судовите во нашата држава.“

Во измените и доплнувањата како и носењето на нови процесни закони се вклучени и самите судии вели Софраниесвак која ваквиот чекор го оценува како позитивен:

„Судиите се тие коишто највеќе во практиката ги почувствуваа лошите решенија во законите. Како пример, ќе ја напоменам доставата, којашто кај нас е решена на еден ригиден начин затоа што доставата е уредна само во случај на лична достава на странките. Тоа се злоупотребува, особено од тужените граѓани.“

Софраниевска смета дека мора да се намали и бројот на судските предмети со законски решенија за да имаме поачурно судство

„Прекршоците во судовите од 1990 наваму целосно се влејаа во редовните судови, и тие учествуваат во бројот на предметите во судовите над 50 насто. Сметам дека тука веднаш треба да се пристапи кон измени на законот за прекршоци, со тоа што прекршоците за коишто постои објективизирана одговорност и постојат мандатни казни, не треба воопшто да се наоѓаат во судовите.“

Министерот за правда кој раководи со владиниот сектор за реформи во судството во неодамнешното интервју за Радио Слободна Европа посочи дека постребни се и уставни промени за да имаме целосно несависно судство во Македонија:

„Ќе мораме да извршиме и уставни измени затоа што одредени работи коишто сметаме дека не овозможуваат целосна независност на судството зависат и од Уставот на Република Македонија.“
XS
SM
MD
LG