Достапни линкови

Техеран: Иран ќе поднесе тужба против Садам Хусеин


Иран ќе поднесе тужба против поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин за војната која ја започна против оваа земја во 1980 година и поради користење на хемиско оружје, соопшти денеска иранското министерството за надворешни работи. Обвинението ќе биде поднесено пред ирачкиот специјален суд пред кој ке му се суди на Хусеин за злосторствата сторени за време на неговото владеење во Ирак.
XS
SM
MD
LG