Достапни линкови

Прага: Обложувалниците заработија милионски суми на неочекуваниот пораз на Чешка


Обложувалниците во Чешка заработија милионски суми на неочекуваниот пораз на чешката репрезентација од Грција во полуфиналето на европското првенство во фудбал. Дури 90 насто од Чесите кои се обложиле, типувале победа на Чешка. Една обложувалница соопшти дека заработила околу 240 илјади евра, додека другите не ја соопштија заработката. Инаку, чешките фудбалери синоќа се вратија во Прага, и беа пречекани само од мала група навивачи, иако донесоа бронзен медал од шампионатот.
XS
SM
MD
LG