Достапни линкови

logo-print

Најчеста цел бензинските пумпи и таксистите


Не постои никаква заштита за вработените чија работа налага работење и во полнокните часови, и кои токму поради ова во последно време се ,,мета,, на разни криминалци. Со оглед на инцидентите, ризични професии се почесто стануваат оние на возачите во Јавното сообракајно претпријатие, вработените на бензиските пумпи, а опасноста од криминалците постојано ги демне и таксистите.

Најчесто станува збор за вооружени разбојништва, посебно на бензинските пумпи, кражби или пак инциденти во кои животот на вработените е во директна опасност, а бројот на ваквите извршени инцидетни според статистиката на МВР е навистина загрижувачки:

„Од почетокот на годинава до сега, регистрирани се три случаи на нарушување на јавниот ред и мир во автобуси и тоа сите на подрачјето на Скопје. Од почетокот на годината извршени се 12 вооружени разбојништва на бензински пумпи, во кои вкупната пријавена штета е 2,5 милиони денари. Поради сложеноста на делата, полицијата успеа да уапси само две разбојнички групи,“

изјавува портпаролот на МВР Горан Павловски.

Со оглед на сериозноста на инцидентите, градските автобуси, се почесто станаа место на мегусебни пресметки мегу групи на млади луге, возачите многупати се нападнати од нервозни патници, а во неколку наврати како што изјавуваат и во МВР, градскиот превоз беше цел и на вооружени напади. Во сето ова немоќни сме да ги заштитиме нашите вработени, вели Никола Огненовски директор на секторот за правни и општи работи при ЈСП:

„Нашите можности за тоа се лимитирани, немаме доволен број контролори коишто тоа може да го спречат. Возачите се сами.“

Секојдневниот страв ги демне и таксистите „меч со две острици е во ова време да се опстане во оваа професија, и да се заработува“ велат тие.

„Имаше последен пат загрозен колега, му беше земена колата и беше истепан.“

Најголемиот број од инцидентите се случуваат во скопските населби Чаир, Ченто или пак Арачиново.
XS
SM
MD
LG