Достапни линкови

logo-print

Москва: Блокирани сите сметки на нафтената компанија Јукос


Сите сметки на нафтената компанија Јукос денеска се блокирани во руските банки. Претставник на компанијата соопшти дека блокирањето ќе доведе до нејзино ликвидирање. Руското министерство за даноци го товари Јукос за затајување на данок од скоро три ипол милијарди долари. Јукос по својата големина е единаесета нафтена компанија во светот во која се вработени околу сто и пеесет илјади луѓе. Нејзиниот основач Михаил Ходорковски се наоѓа во затвор за даночна евазија.
XS
SM
MD
LG