Достапни линкови

Турција: Петмина загинати во бомбашки напад на колона возила


Пет лица загинале, а дваесетина други биле повредени во денешниот бомбашки напад врз колона автомобили во која бил и гувернерот на источната турска провенција Ван. Агенцијата Анадолија јави дека автомобилот бомба експлодирал на патот по кој се движела колоната. Гувернерот Хикмет Тан не бил повреден. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG