Достапни линкови

Ирак: Воздушен напад врз објекти за кои се верува дека се засолниште на Заркави


Функционер во ирачкото министерство за финансии е повреден, а двајца вработени загинале кога нивните возила налетале на мина во Багдад. Претходно во Фалуџа американските сили извршиле воздушен напад врз објекти за кои се верува дека се засолниште на приврзаниците на Абу Мусаб Ал Заркави, при што најмалку 4 лица загинале. Соединетите Држави ја зголемија наградата за апсење на Заркави, за кого се смета дека ги предводи бунтовниците во Ирак, од 10 на 25 милиони долари.
XS
SM
MD
LG