Достапни линкови

logo-print

Македонија бележи одлични резултати во реформите


Освен одбрамбените реформи во кој Македонија бележи одлични резултати, таа мора да се справи и со реформите во економскиот и политичкиот сектор кој реално се сметаат за потешки, порача во Скопје претседателот на парламентарното Собрание на НАТО и член на американскиот преставнички дом, Даглас Биројтер.

“Она што останува и веројатно е потешко да се направи, а претставуваше потешкотија и за седумте нови членки на Алијансата, се економските реформи, реформите во судството, рамноправноста на малцинствата, реформата и борбата против корупцијата и организираниот криминал.,,

Вратите за Македонија кон НАТО се отворени и сега се зависи од нас, рече претседателот на македонското Собрание Љупчо Јордановски:

“Сега се зависи од нас, што побргу ги завршиме нашите потребни реформи тогаш побрзо ќе станеме полноправни членки на НАТО.,,

Биројтер повтори дека најдоцна до 2007 година Македонија, Албанија и Хрватска ќе станат дел од НАТО Алијансата:

“Мислам дека Македонија има реална можност да стане членка на НАТО Алијансата во рамките на третото проширување кое треба да се случи 2006 или 2007 година. И мислам дека тоа се заснова на она што го видов и чув во поглед на напредокот на Македонија.,,

Претходно Биројтер се сретна со македонскиот државен врв како и со членовите на собраниските комисии за надворешна политика и одбрана.

“Буквално рече дека е изненаден од брзите реформи во Армијата и безбедносниот систем на Македонија и дека тоа е најдобрата препорака за прием на Македонија во НАТО.,,

потенцира Тито Петковски, претседател на Комисијата за одбрана.

“Она што ме зачуди при моите денешни средби со парламентарните комисии беше силниот концензус дури би рекол единствен став меѓу опозицијата и владеачките партии,,

изјави Даглас Биројтер.
XS
SM
MD
LG