Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ДУИ убедени дека ќе се најде решение


Коалициските партнери СДСМ и ДУИ се убедени дека решенија за спорните прашања во однос на пакетот закони за децентрализација, ќе се најде. Има напредок, велат од кабинетот на премиерот, каде вчера се сретнаа лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Хари Костов. Се разгледуваат законските опции, Уставот и останатите закони, за да се изнајде решение за градот Скопје. Доколку успееме во тоа тогаш не би имало потреба во преговорите да се вклучи претседателот на државата Бранко Црвенковски како што се најавуваше, велат од Министерството за локална самоуправа.

“Сигурни сме и цврто сме убедени дека до крајот на неделата ќе има и конкретно решение, така што ќе има доволно време да заврши собраниската процедура и да се донесе Законот за територијалната оргнизација, и останатите пакет закони за децентрализацијата.,,

Изјави портпаролот на СДСМ Борис Кондарко. Оптимисти се и во ДУИ но отаму не ја исклучуваат можноста од посредување на претседателот или меѓународни претставници.

“И ние очекуваме да најдеме заедничко решение, но доколку не успееме тогаш може претседателот на државата или некој од меѓународната заедница, да биде посредник. Мислам дека има време уште, до 7 август има доволно време да се донесат законите.,,

изјави потпретседателот на Собранието и член на претседателството на ДУИ, Хисни Шаќири.
И во СДСМ и во ДУИ се свесни дека мора да се изнајде решение за овие закони, зашто тоа е услов за влез на Македонија во ЕУ:

“Немаме интерес, ниту пак тоа е добро за Македонија локалните избори да се одложуваат или пролонгираат.. Нам ни требаат брзи и квалитетни реформи за суштинската децентрализација, не само за територијалната организација. Едноставно, изборите ќе се одржат на време и законот ќе се донесе во предвидениот временски рок.,,

вели Кондарко. Истото го потенцираат и во ДУИ:

“Со самиот факт што Македонија има поднесено барање за апликација во Европската Унија, а и законите произлегуваат од Рамковниот договор, нема причина да се оди со старите закони. Ние треба да инсистираме да имаме нова законска регулатива за локалните избори.,,
XS
SM
MD
LG