Достапни линкови

Картум: Посета на американскиот државен секратар Пауел


Американскиот државен секретар Колин Пауел престојува во Картум на разговори со суданските власти. Пред заминувањето тој ги предупреди дека тие ќе се соочаат со акција на Обединетите Нации доколку не се справат со арапските милитанти кои ја предизвикаа хуманитарната криза во суданскиот регион Дарфур. Во изминативе осумнаесет месеци околу милион луѓе ги напуштија нивните домови поради насилството што го спроведуваат милтантите за кои се верува дека се поддржани од суданската влада.
XS
SM
MD
LG