Достапни линкови

Багдад: Хусеин предаден на ирачките власти


Поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин денеска, како што јавуваат агенциите, им беше предаден на новите ирачки власти. Тој со уште единаесет други членови на неговиот режим утре би требало да се појават пред ирачките судии за да ги слушнат обвинувањата против нив. Тие се товарат за воени злосторства направени за време на нападите против курди во северен Ирак, инвазијата врз Кувајт и осумгодишната војна меѓу Ирак и Иран. Ирачките власти прецизираат дека, и покрај предавањето, Садам Хусеин во затворот ќе биде чуван од американските сили.
XS
SM
MD
LG