Достапни линкови

logo-print

Експертите сметаат дека, вистинските реформи допрва претстојат


“За НАТО е битно да не се загуби мотивацијата. Затоа веднаш по самитот во Истанбул доаѓам во Скопје за да го нагласам значењето што законодавците од целата Алијанса му го даваат на проширувањето,, пишува во своето обраќање објавено во Утрински весник, американскиот конгресмен и претседател на парламентарното собрание на НАТО Даг Биројтер, човекот кој се смета за иницијатор на резолуцијата на американскиот конгрес со која од Алијансата се бара, Македонија, Хрватска и Албанија да бидат третирани како сериозни кандидати за следното проширување. Биројтер денеска доаѓа во Скопје за да го потврди она што веќе е и формализирано во завршниот документ на истанбулскиот Самит.
Сепак, пораката за отворени врати и охрабрување за продолжувањето на реформите не се нешто што не беше очекувано, вели професор Биљана Ванковска.

“Замислете како тоа би звучело кога би добиле сигнал дека вратата на НАТО е затворена. Секако дека е охрабрување, меѓутоа останувам на мислењето, дека вистинските реформи допрва претстојат. Фактот дека некој не охрабрува и инсистира на спроведување на реформите, зборува дека нема да има прогледување ,,низ прсти,, дека она што сме се заложиле да го направиме, ќе мораме да го сториме во предвидениот рок.,,

Според неа тенденцијата за кампањско насочување на реформите не е вистински начин за исполнување на стандардите на евроатлантските институции.

“Ако некој од некаде сигнализира дека нешто не е во ред со судството, целото наше внимание се свртува во таа насока и се занемарува нешто друго што е важно. Секако дека судството е третата власт, меѓутоа мене подеднакво ме загрижува ако и втората власт, егзекутивата не функционира, ако и првата власт, Парламентот е маргинализиран. Тоа се зборува за еден систем на донесување на одлуки во општество, кое е далеку од една демократија која што би била пожелна.,,



А, степенот на демократизацијата, вели Ванковска во крајна линија е основниот критериум според кој ќе бидеме оценувани и кога станува збор за НАТО.

“Се занемарува еден факт дека ние имаме Влада која одвај функционира, која се наоѓа во ,,ќор сокак,, веќе подолго време околу некои битни прашања во државата и едноставно многу работи остануваат во кујната на политичарите.,,
XS
SM
MD
LG