Достапни линкови

logo-print

Ирак: Првиот ден од владеењето на ирачката преодна влада, изминува мирно


На првиoт ден од владеењето на ирачката преодна влада низ улиците на Багдад е релативно мирно. Во градот Киркук експлодирала бомба пред куќата на шефот на полицијата, при што загинал неговиот телохранител. Група милитанти вчера соопшти дека го убиле американскиот војник, кој беше киднапиран во април. Денеска телевизијата Ал Џезеира објави видео снимка на која милитантите изјавуваат дека ги ослободиле тројца турски заложници. Во Анкара е потврдена таквата информација, но детали не се соопштени.
XS
SM
MD
LG