Достапни линкови

Истанбул: Средба меѓу лидерите на Алијансата и украинската делегација


На маргините на Самитот на НАТО во Истанбул денеска беше одржан состанок меѓу лидерите на Алијансата и украинската делегација, предводена од претседателот Леонид Кучма. Притоа е поздравена намерата на Украина за зачленување во НАТО, но тоа било условено со демократски реформи во таа земја, вклучувајки и фер избори. По состанокот, генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер изјави дека Украина треба да ги зајакне демократијата, владеењето на правото и слободата на говорот. Кучма оцени дека Украина не е подготвена за приклучување во НАТО.
XS
SM
MD
LG