Достапни линкови

Борис Тадиќ победи на претседателските избори во Србија


Новиот претседател на Србија Борис Тадиќ, по првичните реултати од вчерашниот втор круг од претседателските избори оцени дека неговата победа претставува триумф врз мрачната политика од минатото. Со тоа, според него, е потврдено дека патот на Србија е неповратно определен со петти октомври две илјадитата година.

„Сметам дека овие избори го покажаа единството на демократска Србија, ја покажаа нејзината способност да ги препознае решавачките историски моменти како овој.“

За Тадиќ најважно прашање сега е стабилноста на државата на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО. Тој исто така наведе дека Србија ќе ја продолжи соработката со хашкиот трибунал. Сепак, честитајќи му на неговиот против кандидат Томислав Николиќ за, големиот број освоени гласови, Тадиќ повтори дека изборите покажале дека Србија, како што рече, и е доста од политиката на насилства, измами и лаги. Признавајќи го поразот, радикалот Николиќ изрази задоволство од остварениот успех и им се заблагодари на граѓаните кои гласале за него и со тоа покажале храброст да им се спротивстават на сите политичари во Србија и од Западот.

„Борис Тадиќ победи благодарние на гласовите на малцинставата. Ги уплашија и скоро сите учествуваа во тоа. Нас не чекаат неколку месеци упорна работа до победа на парламентарните избори.“

изјави Николиќ прецизирајќи дека страхувањето беше поради проширените наводи оти со неговата победа Србија повторно ќе се најде во меѓународна изолација.
XS
SM
MD
LG