Достапни линкови

Истанбул: Пред почетокот на НАТО самитот, судири меѓу полицијата и околу две илјади демонстранти


Пред почетокот на самитот на НАТО денеска во Истанбул дојде до судири меѓу полицијата и околу две илјади демонстранти. Агенциите јавуваат дека тие фрлале молотови коктели и камења врз полицајците кои поради тоа биле принудени со водени топови и солзавец да го спречат нивниот обид да влезат во барикадираната зона на местото каде што се одржува самитот. Има извештаи за неколкумина повредени и на двете страни.
XS
SM
MD
LG