Достапни линкови

Србија: Втор круг од претседателските избори


Во Србија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони грагани кои ќе гласаат на околу 8 илјади гласачки места во Србија, од кои 241 на Косово, како и 33 избирачки места во странство. Кандидати за претседател се Томислав Николиќ од Српската радикална партија и Борис Тадиќ од Демократската партија. Според аналитичарите фаворит во вториот изборен круг е Тадиќ, но тие предупредуваат дека мал одзив на избирачите може да доведе до победа на Николиќ, чиј електорат како што велат е подисциплиниран.
XS
SM
MD
LG