Достапни линкови

Натпреварите од ЕП во Португалија не се пропуштаат


Фудбаламанијата која ги зафати лубителите на спортот последниве неколку неделиво змјава откако започна Европското фудбалско првенство во Португалија не ги заобиколи и политичарите.

Иако, велат дека имаат доста работа сепак наоѓаат време да ги следат натпреварите. Некои во домашна атмосфера други со пријатели а триети пак првенството го следат и кога се надвор од земјава:

„Обврските кои ги имаме последно време во Собрание, не ми дозволуваат поактивно да го следам ЕП во Португалија. Меѓутоа, се наоѓа време, има таква можност првенството да го следам надвор од Македонија, од Чешка и од Франција.“

Вели пратеникот Иван Атанасовски. Неговиот колега исмет рамадани ги следи за него поинтересните натпревари:

„Единствено ако имам некои активности, ама секогаш гледаме да ги привршуваме за да можеме да стигнеме да гледаме по некој натпревар, во друштво со другари од детство итн, поважните натпревари до сега ги гледав.“

Пратеникот Коце Трајановски за себе вели дека не е страсен љубител на фудбалот како што е на пример по кошарката, но сепак следи дел од натпреварите:

„Може да се рече дека 50 насто сум гледал, јас играм кошарка вторник и четврток.“

За разлика од него сопартијецот Спире Мавровски досега не пропуштил ниту еден натпревар.

„За такви големи настани морам да најдам време и комплетно сите натпревари до сега ги гледав и мислам дека до крајот на првенството нема да пропуштам ниту еден натпревар. Чисто во домашна атмосфера, со едно пиво, тоа е она што не држи малку повеќе да навиваме или не.“

Секој од нив има и свои фаворит. А партеникот Атанасовски вели дека мора брзо да се реши за друга репрезентација бидејки неговите Италјанци веќе се вратија дома:

„Јас ја утнав овој пат работата, мојот фаворит испадна во првиот дел од натпреварите, и ќе мора брзо да се преопределам.“

„Јас би сакал да е Португалија или Чешка.“

вели Трајановски.

„Мој фаворит е Франција.“

вели Рамадани.

„Мислам со до сега прикажаното очекувам финале Чешка – Холандија.“

вели Марвовски.
XS
SM
MD
LG