Достапни линкови

Багдад: Ирачките власти планираат акција против јорданскиот милитант Заркави


Ирачките официјални претставници имаат податоци за јорданскиот милитант Абу Мусаб Заркави и по превземањето на власта во наредната недела, планираат да превземат робусна акција против него и неговите следбеници, изјави ирачкиот привремен министер за безбедност. Милитантите на Ал Заркави ја презедоа одговорноста за вчерашните напади во ирачките градови кога загинаа околу 100 луѓе. Агенциите јавувуваат дека и денеска во Багдад и во Фалуџа имало помали експлозии и престрелки.
XS
SM
MD
LG