Достапни линкови

Регионалната соработка за контролата на границите дава резултати


Соработката на полициите на две соседни земји не смее да биде жртва на дневната политика и само така во регионот може да се победи заедничкиот проблем организираниот криминал кој за разлика од државите не познава граници. Еден од начините за успешно справување со заканите е и заедничко патролирање на граничните полиции на соседните земји вели за Радио Слободна Европа висок претставник на генералниот директорат на словенечката полиција Владимир Поцек. Говорејќи за искуството на Словенија која воведе заеднички патроли најнапред во обезбедувањерто на границата со Италија Поцек вели:

„Се покажа дека заедничкото патролирање кое најнапред беше пробно има добри ефекти.“

Заедничките полициски патроли и воопшто интезивирање на соработката со полициите на соседните земји во Словенија се проширува и на Унгарија, Австрија и Хрватска. Придобивките се еконкретни

„Прво се создава доверба меѓу две држави. Се потврдува воња за соработка во заеднички цели, а ефекти има и на локално ниво. Тие луѓе заедно работат. Тие најдобро го познаваат теренот и можат заеднички подобро да ги решаваат проблемите. Има голем број мали навидум неважни предности. Се создаваат пријателства. Но, сепак во основа тие предтавуваат соработка на две држави преку органите на власта во заеднбичкла цел борбата против сите видови криминал,“

вели Поцек . Во остварувањето на заедничката цел никаква пречка не предстваува ниту податокот што Словенија и Хрватска имаат нерешени односно делови на неодбележана заедничка граница.

„Но тоа не пречи ние да му дозволиме на полицаецот од соседство да дојде и да соработува на наша територија. Протоколот за заедничко патролирање нема амбиција да ги дефинира границите,“

вели Поцек. Тој посочува дека во подготвувањето на заедничките протоколи за соработка мора да се биде исклуиво внимателен во дефинирањето на овој вид ангажмана на две или повеќе соседни гранични служби. Бидејќи станува збор за мошне чувстителна област. Доколку правно е се до детали регулирано

„Стравувањата се невтемелени и до злоупотреба не може да дојде. Поголем Проблем е ако две земји немаат воња да соработуваат.“

констатира Поцек. Тој вели станува збор за спроведување на европските стандарди И пракса на граничното обезбедување. Оттаму И неговата препорака до земјите од регионов да ги следат процесите на европската Унија и модерните видови на полициска соработка.
XS
SM
MD
LG