Достапни линкови

Терористичките напади лани се зголемиле


Американскиот Стејт департмент го коригираше својот последен извештај за тероризмот во светот. Грешката, како што сега се вели, е во заклучокот дека терористичките напади во минатата година опаднале.

Стејт Департментот, кој својот оригинален извештај го објави во април годинава, соопшти дека актите на тероризам во две илјади и трета се зголемиja и оти бројот на луѓето што загинале во нив бил за два пати поголем од претходно презентираното во извештајот. Така бројката од сто и деведесет терористички напади беше ревидирана на двесте и осум, а бројот на жртвите од триста и седум сега е шестотини дваесет и пет луѓе. Државниот секретар Колин Пауел изјави дека во претходниот извештај била направена обична административна грешка:

„Извештајот не е дизијаниран за да ги направи нашите напори подобри или полоши, или пак тероризмот да изгледа подобар или полош, туку да им ги претстави фактите на американците.“

Рече Пауел. Инаку, резултатите од претходниот извештај беа цитирани од неговиот заменик Ричард Ермитаж кој притоа изјави дека политиката на претседателот Џорџ Буш против тероризмот била ефикасна и оти Соединетите Држави и другите земји во светот бележат успех во антитерористичката кампања. Критичарите пак велат дека бројките во претходниот извештај владата ги фризирала со цел да добие политичка предност за претстојните американски претседателски избори. Тоа е демантирано од секретарот Пауел со зборовите:

„Се уште е војна против теророт. Не мислам дека дури и господин Ермитаж рече дека таа е добиена. Напротив, таа продолжува.“

Реагирајќи на исправениот извештај, претставници на сенаторот Џон Кели, кој по се изгледа ќе биде главниот предизвикувач на Џорџ Буш во претседателската трка, оценија дека тоа е уште еден пример како администрацијата, играјќи брзо во војната против тероризмот, ја губи вистината. Според нив, властите сега, со признавањето дека имале погрешен извештај, се обидуваат да извлечат уште еден кредит и тоа токму од, како што велат, погрешните информации. Рафаел Перл, американски експерт, е на истото тоа мислење. Тој смета дека иако со овој инцидент си нанесе штета, администрацијата на Буш сепак се надева оти, признавањето на грешката, ќе придонесе за рехабилитација на нејзиниот имиџ. Од друга страна има и такви како Томас Донели од Америкнаксиот Ентерпрајз Институт кој вели дека државниот секретар Колин Пауел треба да се пофали за тоа што јавно ги коригираше грешките во извештајот за тероризмот во светот.
XS
SM
MD
LG