Достапни линкови

Конкретни проекти за спроведување на европските стандарди


Македонија неделава ја потпишува рамковната спогодба за учество во програмите на ЕУ:

„Програмите на Заедницата остваруваат еден сет активности усвоен од ЕУ со цел промовирање на соработката меѓу земјите членки во различни области во период од неколку години,“

вели Јован Деспотовски од владиниот секотр за евроинтеграции. Станува збор за препристапен инструмент што по искуството на дессете земји кои недомана станаа полноправни членки сега им се става на располагање на државите опфатени со процеост за стабилизација и асоцијација. Овие прами опфаќаат 35 области во кои државата корисник има можност да изврши добра подготовка за пристапување кон Унијата прецизира Деспотовски:

Суштината на овие програми е во подготовката на земјата во спроведување на законите кои веќе ја поминале фазата на прилагодување на европската легислатива. Со други зборови, за членство во Унијата не е доволно само да го препишете или усвоите европските закони:

„Целта на учеството во програмата е да стекнеме знаење, односно искуство коешто ќе ни помогне на нас на домашен терен да ја примениме таа регулатива во практика, онаму каде што како држава заостануваме. А, тоа е имаме продукција на закони, имаме одлична реализација на националната програма за приближување на законодавството, меѓутоа она што треба да следи, а тоа е видливиот ефект во реалноста, заостанува.“

Од аспект на нашата апликација за членство пристапувањето кон овие програми значи дека работиме на третиот критериум, наречен админситративен:

„Таму каде што се бара не само капацитет за да го приближиме законодавството, туку и да го имплементираме.“

Според најавите првите програми за кои макеоднија ќе конкурира се програмите од областа на образованието, екологијата, цивилното општество. Станува збор за прифатена сугестија дадена од самата Европска комисија прецизираат од секотор за евроинтеграции , а финансирањето на проектите во рамките на избраните програми ќе оди преку државата:

„Она што е олеснителна околност е и што самата Европска комисија, предвидува можност во рамките на националната програма да издвојуваме пет насто од годишната алокација да се покрие финансискиот придонес. Тоа е околу 2 милиони евра на годишно ниво.“
XS
SM
MD
LG