Достапни линкови

logo-print

Избори по стара регулатива, неуспех во спроведувањето на Охридскиот договор


Доколку коалициските партнери СДСМ и ДУИ не се договорат по однос на пакеот законио за децентрализација до крајов на месецов, од 1 јули во нив како медијатор се вклучува претседателот на државата Бранко Црвенковски. Тоа им е соопштено на владеачките партии од претседателскиот кабинет.

Министерот за локална самоуправа Александар гештаковски по изјавата на првиот парламентарец Љупчо јордановски дека без разлика дали ќе се договорат ил не коалициските партнери тој на 7 август ќе ги распише локалните избори, е оптимист и вели дека компромис меѓу коалициските партнери по однос на спорните прашања ќе се изнајде и дека локалните ибори во земјава ќе се одржат во согласност со новата законска регулатива.

„Јас сум убеден дека локалните избори во Република Македонија ќе се одржат врз основа на новата регулатива, бидејќи, децентрализацијата им дава големи можности на граѓаните за решавање на своите секојдневни потреби. Овие разлики меѓу коалиционите партнери сметам ќе се надминат во краток рок.“

Пакетот закони за децентрализација на власта е клучен дел од законските решенија кој призлегуваат од рамковниот договор а неговото исполнување е основниот критериум врз кој ќе се оценува нашат Апликација за членство во ЕУ. Портпарол на ЕУ во земјава Шина Томсон го пренесува ставот специјалниот преставник на Унијата во Македонија

„Од наша перспектива пакетот за децентрализација е дел од Охридскиот договор, ако тој не се усвои, локалните избори се одржат по старата регулатива, тоа ќе биде јасен неуспех во спроведувањето на договорот од Охрид, а тоа воопшто не би требало да биде разгледувано како можност. Рокот за кој говори претседателот на Собранието за распишување локални избори не е ништо ново, но добро е партнерите во коалицијата да го имаат на ум додека преговараат. Време за тоа сеуште има, но многу малку,“

вели Томсон.

Министерот Гештаковски е свсен дека сите рокови веќе се пробиени и вели дека најбитен момент е однесувањето на паратениците од како овие закони ќе се најдат пред нив:

„Особено на опозицијата. Би апелирале на една конструктивна расправа, која би траела пократок рок, бидејќи роковите веќе ги намаливме од онаа наша првобитна определба и план на владата.“
XS
SM
MD
LG