Достапни линкови

Корупцијата во судството не може да се искорени со зголемување на платите на судиите


Реформи во судството се неизбежни се согласуваат сите. Но, тој процес многу бавно се одвива во земјава. Судството е корумирано и е неажурно се најчестите зборови кои можеме да ги слушнеме како од владините преставници така и меѓународната заедница. Дали зголемувањето на платите за судиите ќе придонесе во намалувањето на корупцијата? Околу оваа прашање постојат поделени мислења меѓу судиите и експертите. Ленче Софраниевска претседател на Републичкиот Судски Совет вели:

„Европските конвенции укажуваат на тоа дека судијата мора да биде добро платен за да може функцијата што ја извршува да му овозможи нормален живот нему и на неговото семејство.“

А пак за Џевдет Хајредини од Невладината Организација македонија без корупција зголемувањто на платите за судиите нема да ја намали корупцијата во судството , бидејки веќе постои добро организирана мрежа за тоа, во која се вмеШани и адвокатите:

„Не е доволно да се зголемат платите. Корумпираните луѓе во судството не се само затоа што имаат ниски плати. Нив не ги задоволува и да имаат илјада евра плата. Тие всушност толку тоа метастазирало и поврзано е со офоремни мрежи со адвокатите, со одредени структури кај граѓаните и Македонија не ќе може брзо да го реши тој многу горчлив проблем во судството.“

Корупцијата во судството ја потикнува корупцијата и во другите сегменти на општеството е ставот на Џевдет Харедини:

„Затоа што кога луѓето кои имаат афинитет да бидат корумпирани, кога знаат дека на крај нема да одговараат пред законот, тогаш тоа поттикнува секој да се охрабри и да се впушти во корупција таму кадешто му се дава можност.“

Не смееме да ги генерализираме работите кога зборуваме за котрупијата цо судството вели Претседателот на РСС Ленче Софраниевска:

„Не смее да се генерализира целото судство, сите судии во државата, затоа што и практиката во поранешниот период покажала дека тој судија што се решил да прими поткуп заради решавање на некој предмет бил построго казнет од останатите граѓани, што сметам дека е исправно.“
XS
SM
MD
LG