Достапни линкови

Ингушетија: Педесетина жртви во оружени судири


Во повеќе напади што во текот на изминатата ноќ се случија во Ингушетија, руска република која се граничи со Чеченија, загинале пеесетина лица. ,,Меѓу загинатите има осумнаесет припадници на силите за безбедност и дваесет и осум цивили,, соопшти портпаролот на министертвото за внатрешни работи на таа република Јакија Хаџиев, додавајќи дека во нападите биле ранети и околу триесетина луѓе. Според полициски информации, околу двесте добро вооружени лица, се претпоставува дека станува збор за чеченски бунтовници, ги нападнале силите за безбедност во три градови. Овие борби претставуваат најголема воена операција изведена од бунтовниците во последниве неколку години.
XS
SM
MD
LG