Достапни линкови

logo-print

Лисабон: Почина англиски фудбалски навивач


Еден британски фудбалски навивач денеска почина откако синоќа во Лисабон бил избоден со нож, јавуваат агенциите. Се прецизира дека тоа се случило по победата на англиската репрезентација над Хрвтска на Европското првенство во Португалија и оти еден хрватски навивач бил уапсен за убиство. Агенциите, исто така, јавија дека петмина австриски полицајци биле полесно повредени кога синоќа во Виена се судриле со околу петстотини хрватски навивачи. Англија со победата врз Хрватска од четири спрема два се пласира во четвртфиналето на првенството.
XS
SM
MD
LG