Достапни линкови

Во територијалната организација не треба да се меша политиката


Омекнувањето на ставовите на коалиционите партнери по преговорите во Маврово говорат повеќе за политички театар отколку за реална блокада во договарањето, вели магистер Ивица Боцевски прогерамски директор на Институтот за демократија солидарност и цивилно општество:

„Еве сега некој нели нема да попушта на определени прашања, па другиот нема да попушта итн. Но, на крајот на денот ќе имаме договор или дозвола за поинакви мислења во парламентот од страна на владеачките партии и од страна на одредени пратеници од владеачките партии. Меѓутоа и тоа ќе биде исто во функција на политичкиот театар.”

Вклучувањето на странските посредници е одамна востановена пракса која говори дека во Македонија постојат многу прашања за кои е невозможно да се комуницира без посредници:

„Полесно е да се чуе од меѓународниот претставник дека некое решение е такво, наместо тоа да се чуе од партнерот од македонска или од албанска страна.“

Сепак начинот на кој владеачката коалиција ги договара и преговара решенијата од пакетот за децентрализација отвора простор за појава на реален проблем сличен на оној поврзан со рамковниот договор, вели Боцевски. За разлика од првичното позитивно прифаќање на договореното во охрид како решение кое стави крај на воен конфликт, клучните партии потписнички

Целосно се повлекоа во презентацијата на овој Рамковен договор. И до ден-денес, тој негативен набој што се создаде во тие два – три месеци создава една фрустрација кај Македонците.

Доколку сличен однос биде презентиран и со децентрализацијата тогаш може да се случи повторно да се јават чувства на победа или пораз кај некоја заедница. Приемр за тоа е и спорот околу двојазичноста, вели Боцевски

„Имено кај нас се вулгализира прашањето на двојазичноста и веднаш кај Македонците се јавува едно негативно чувство. Имено, дека тоа ќе треба да предизвика обврска кај нас да се учи албански. Дека тоа ќе предизвика албанизација на Македонија итн. Тоа не е точно. Двојазичноста е решение коешто подразбира употреба на едниот јазик или на другиот јазик. Разликата дали скопје ќе биде еднојазично или двојазично нема да створи никаква разлика за животот на граѓаните. Нивото на комуналните услуги во Скопје е такво какво што е. Така што двојазичноста нема да создаде никакви промени во животот на луѓето.“
XS
SM
MD
LG