Достапни линкови

Државата нема податоци за македонските државјани надвор од Македонија


Ниту една од надлежните институции во државава, нема податоци за бројот на македонски државјани кои живеат во странство. Со законските измени, официјалната евиденција за македонските емигранти чиј број се смета за алармантен, како пописен податок неможеше да ја направи ниту Дрзавниот Завод за статистика, бидејќи во изменетиот закон, Министерството за Правда како изготувац, овој податок и покрај укажувањата не го зеде в предвид. Единствена бројка за одливот на македонски државјани кои живеат во странство, датира од пописот во 94 тата, и изнесува околу 160 илјади попишани лица, иако велат од заводот за статистика оваа бројка е многу поголема. Со пописот во 2002-та беа попишувани само лицата кои живеат во некоја од земјите во светот, но само до една година:

„Бројот на македонските државјани, коишто престојуваат во странство, како членови на домаќинствата на лицата коишто таму работат, до една година, изнесува 22,995 лица,“

изјавува Апостол Симовски од Дрзавниот завод за статистика. Веќе години наназад бедперспективноста на македонското општество, тапкаеето во место со процесот на транзиција, минималните можности за вработување, се главните причини поради која граѓаните, а најчесто младите луѓе ја напуштаат државава. Токму овие проблеми, се дел од зивотната приказна на Томислав кој пред седум години ја напустил родната Македонија.

„Јас поради лошата економска состојба во земјата и поради целокупната нестабилност која во моментов ја зафати Македонија, решив да ја пробам својата среќа надвор од државата.“

Најболното во целиот овој процесс е фактот што станува збор за високо образовани кадри, кои својата продуктивност наместо во својата, ја „трошат“ во некоја од земјите во светот.

Национална стратегија за спречување на одливот на македонски државјани во странство отсуствува. Во моментов единствено се работи на неколку проекти, кои претставуваат минимален обид за вклучување на младите образовни кадри во општествените процеси. Имено таков проект започна и Министерството за образование и наука.

„Тие млади луѓе, коишто ги испуштаме и одат по белиот свет, може, со дури и минимална плата и некакви нормални услови за работа да ги задржиме во државата. Ете, тоа е нешето ново што ние го планираме за младите истражувачки кадри, каде што ќе предложиме да се воведе, плаќање надомест на младите истражувачи по проекти,“

изјавува Виктор Стефов, раководител на секторот за наука во Министерството за образование.
XS
SM
MD
LG