Достапни линкови

Продолжуваат превирањата во ВМРО-ДПМНЕ


Опозициските партии во земјава делуваат дезорганизирано. Секој партија на свој начин се обидува да ја постигне својата цел. Поделеноста на македонски блок опозициски партии и албански продолжува и натаму. Ваквата состојба со години се повторува во земјава. Освен тоа во моментов не може да се запоставаат и случувањата во најголемата опозициска партија во земјава кои траат веќе долг период.

Актуелниот лидер Никола Груевски продолжува да повикува на помирување со екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски:

„Ја подавам раката за смирување и за простување. Јас ги повикувам сите, да се здружат, да се обединат во ВМРО-ДПМНЕ.“

А тој пак не ни помислува на такво нешто:

„Не им бараме ништо друго, нека го земат целиот имот на ВМРО-ДПМНЕ, нека ги земат сите луѓе што им требаат од ВМРО-ДПМНЕ, само нека ни ја вратат регистрацијата и печатот на ВМРО-ДПМНЕ.“

На помирување повикува и крилото на партијата предводена од Доста Димовска:

„Груевски и Георгиевски да најдат начин, да седнат на маса и да ги смират страстите и да дојде до што поитно консолидирање во редовите на партијата.“

За ситуацијата во ВМРО-ДПМНЕ одговорни се надворешни елементи, смета Тања Каракамишева доцент по политички систем при правниот Факултет:

„Едноставно, не мислам дека овие работи се случувања коишто се стихијни и неорганизирани. Напротив, мислам дека има многу организација зад сето ова, и тоа повторно ќе кажам, од актуелни луѓе, за да едноставно, двајца или тројца имаат бенефит од сето тоа, наспроти државниот интерес.“

За разлика од македонската опозиција настапот на албанските опозицискипартие е многу по организиран, е ставот на Каракамишева.

„Тие играат некако помудро. Не ја занемаруваат генералната кауза или генералната определба на политичкиот блок или воопшто политичкото делување, наспроти македонските, коишто воопшто немаат концепт за македонско делување.“

ДПА ПДП и НДП се здружија заедно протв девијантните појави во албанските средни, насилството , Убиствата и криминалот за што ја обвинуваат актуелната власт:

„Се гледа дека на некој начин и власта е имплицирана во некои од случувањата, и ако не друго, на некој начин ги штити овие криминалци кои извршуваат такви дејности.“

вели портпаролот на ДПА Сулејман Рушити.
XS
SM
MD
LG