Достапни линкови

logo-print

Брисел: Постигната согласност за првиот устав на ЕУ


Лидерите на Европската Унија доцна синоќа во Брисел постигнаа согласност за првиот Устав на Унијата, кој за да стапи во сила треба да биде одобрен од сите 25 земји членки. Во Уставот е предвидено одлуките на Европската Унија да бидат донесувани со така-наречено квалификувано мнозинство, а востановена е и функција министер за надворешни работи на Унијата, како и претседател на Европскиот совет, во кој се шефовите на држави или влади. На самитот во Брисел не е постигната согласност за новиот претседател на Европската Комисија.
XS
SM
MD
LG