Достапни линкови

Ријад: Убиен припадникот на Ал Каида Абдулазис Ал Мукрин


Силите за безбедност на Саудиска Арабија соопштија дека синоќа во Ријад го убиле припадникот на Ал Каида, Абдулазис Ал Мукрин и уште тројца негови прврзаници, а 10-тина лица биле уапсени. Ал Каида преку интернет ја демантира ваквата информација, но саудиската телевизија прикажа фотографии од убиените. Акцијата на саудиските сили во Ријад уследи откако милитантите му ја отсекоа главата на киднапираниот американскиот инжинер Пол Џонсон, бидејки не беше исполнето нивното барање за ослободување на сите затворени екстремисти во Саудиска Арабија. Американскиот претседател Џорџ Буш го осуди убиството на Џонсон, изјавувајки дека Соединетите Држави нема да се откажат од намерата за апсење на терористите.
XS
SM
MD
LG