Достапни линкови

Од шалтер на шалтер


Во описот на обврски што треба да ги направи во текот на денот, еден пензионер не би имал многу што да каже. Случајот на еден 75 дишниот скопјанец кој зад себе има 35 годишен стаж како бербер го демантира вообичаено - прифатеното гледaње врз пензинерското секојдневие како ослободено и релксирано од дневното работно темпо. Причина за неговата мака, како што вели, е бирократска:

„Цела година не може стаж да внесам во книшка, оди кај оној, не е кај мене, оди во социјално, ми велат во управа за јавни приходи, во управа за јавни приходи ме упатуваат на социјално и ништо. Еве сега отидов во занаетски дом, велат не е кај нас, оди пак во социјално, и сега трчај.“

Овој курс на движење во круг за кој зборува пензинираниов бербер кој бара отворење нова книшка зошто старата е изгубена, не завршува со неговиот пример. Бројот на соговорници што наведуваат непријтни искуства за услугите што ги добиваат од шалтерите речиси е еденков на поставените прашања. Независно од иснтитуцијата на која и припаѓаат админсистративните одделенија - корисниците на услуги на вработените им забележуваат за арогантност, нељубезност неипослнителност:

„Баш имав случај во банка, сакав да си земам кредит. Страшни се, те отпишува, едноставно.“
„Има некои прилики, уфрлаш пари, за чекови, за нив не важи тоа…“


Но, од другата страна на шалтерското стакло нештата изгледаат поинаку:

„И од таа страна има нетрпеливост, сите излегуваат од работа за да завршат работа и да се вратат, а ние сме на работа. Или со таа сиромаштија, доаѓа десет пати да бара дали има префрлено пари од тие технолошки вишок, а ќе ми кажеш нема, нервозен, како да не е, утре ден, пак ќе дојде.“

Видено пошироко всушнот проблемите на макро план во државата какви што особено се неврботеност и беспарицата се случува да се прекршуваат пред админситртивниот параван. Така од ова место каде што се сретнуваат граѓанинот и државата неретко продолжуваме да ја слушаме оваа забелешка:

„Најубаво е да не одиш, ако одиш – мака.“
XS
SM
MD
LG