Достапни линкови

Мирен протест на опозиционите партии на Албанците против криминалот во тетовско


Насилството, криминалот и другите девијантни појави во албанскките средини, посебно во тетовскиот регион ги потикна Опозициските партии на Албанците во Македонија, ПДП, ДПА и НДП да излезат на мирен протест под мотото "Доста е.

„Секоја влада треба нешто да преземе, особено за разјаснување на ваквите слуачи. Особено, со последните случаи се гледа дека и власта е вмешана во некои од случувањата и ако не друго на некој начин ги штити овие криминалци кои извршуваат такви дејности,”

изјави портпаролот на ДПА Сулејман Рушити. На протестите се приклучи и ПДП која на претседателските избори настапи во коалиција со владеачката ДУИ

„Ние во претседателските избори за приклучивме во нашата племенита идеја, сите политички партии да настамиме со еден заеднички кандидат. И тука беше поентата на ПДП. А, што се однесува до собирот, целта е да се предупреди власта, дека треба да преземе енергични мерки за да се каже стоп на овие негативни последици што се прошируваат во албанските средини,”
Вели портпаролот на ПДП Кенан Алиу. Ова е само почеток мирните протести ќе продолжат и во наредниот период најавува Сулејман Рушити.

„Секако дека ние нема да застанеме со нашите барања да им се каже доста, и да бараме од владата да преземе цврса акција да се дистанцира од криминални дејства и нормално од меѓународниот фактор да го оттргнеме ова од нашата средина, мислам дека не се трпи веќе.”

Во владеачката ДУИ велат дека право на протести има секоја политичка партија, и дека надлечните инстритуции без разлика за кој дел од земјата се работи максимално се борат против организираниот криминал, и насилтвото.
XS
SM
MD
LG