Достапни линкови

Министерска конференција за одбрана на земјите од Западен Балкан


Јадранската група, на ниво на министри за одбрана, денеска во Скопје со уште една заедничка изјава за соработката и за очекувањата од самитот на НАТО во Истанбул:

„Навистина сакаме нашиот напредок на евро-атлантскиот пат да биде истакнат на престојниот самит на НАТО во Истанбул и да се испрати силен сигнал дека земјите од Јадранската група, ќе се земат предвид за членство, во Алијансата во наредниот круг на проширување, не подоцна од 2007 година,”

рече министерот за одбрана Владо Бучковски, пренесувајќи ја задничката изјавана министреите за одбрана на Македонија, Хрватска и Албанија.

Во неа овие земји, потписнички на спогодбата, заеднички ја потврдуваат заедничката заложба за интензивирање на соработката во сферата на одбраната, во заедничкат борба против меѓународниот теротизам, изразувајќи благодарност за поддршката на САД како партнер ментор во имплементирањето на повелбата и за резолуцијата на американскиот конгрес во кој од НАТО се бара трите земји да бидат примени во членство. Денешната конференција во Скопје е во организација на македонското министерство за одбрана и на неа, освен министрите не земјите о Јадранкската група, потоа претствници на САД и НАТО на ниво на амбасадори, во својство на гости се и министрите за одбрана ан БИХ и на СЦГ. Конференцијата се одржува еде ден по вчерашното презентирање во Брисел на заедничката изјава на шефовите на дипломатиите на трите земји од Јадранската група, во која исто така се нотира барањето од НАТО во Истанбул да бидат дадени потврди за напредокот во проближувањето кон стандардите на Алијансата и воедно да с даде одредена временска рамка за станување нејзини членки.

Одговорите на челниците во Брисел, генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Схефер, но и од Вашингтон се воздржани. Во Истанбул, Македонија, Хрватска и Албанија не можат да очекуваат прецизирање на рокови, кога земјите би можеле да станат полноправни членки на НАТО. Поддрката за амбициите е несомнена, но и пораката дека треба да се продолжи по патот на реформи. Секоја од земјите во јадранската група доби и прецизни задачи. За Македонија тоа е завршување на процесот на децентрализација и борба против корупцијата.
XS
SM
MD
LG