Достапни линкови

logo-print

Брисел: Завршува дводневниот самит на ЕУ


Во Брисел денеска завршува дводневниот самит на Европската Унија, но, како што јавуваат агенциите, засега без решение за двете главни теми на состанокот: новиот устав на проширената Унија и наследникот на шефот на Европската комисија Романо Проди. Ирскиот претседател Берти Ахерн, како претседавач на Унијата, соопшти дека бил постигнат извесен напредок околу Уставот, но оти би можело да се случи да биде одложена одлуката за тоа кој ќе ќе го замени Проди по неговото заминување од таа функција во октомври годинава.
XS
SM
MD
LG