Достапни линкови

logo-print

До 2010 година сообраќаен колапс во Скопје


Доколку не се прошири капацитетот на уличната мрежа до 2010 година, во Скопје ке се случи целосен прекин на сообраќајот, предупредуваат стручњаците од Институтот за урбанизам, сообраќај и екологија, кои по две годишни истражувања ја изготвија студијата за сообраќајната мрежа во Скопје:

„Ви тие истраги се констатира дека ако мрежата, ваква каква што е, остане таква и не се доизгради, ќе дојде до целосен колапс на сообраќајот во Скопје.“

Изјавува сообракајниот инженер од Институтот за урбанизам, сообраќај и екологија, Александар Мешко.

Инаку доживувањето на скопската сообракајна авантура е секојдневие за граганите на главниот град во државава:

„Замара на некој начин замара, излегувам порано, да не ме фати метеж. Од работа, не мислиш на работа, пред четири излегуваш порано.“
„Мислам дека нема веќе место за тоа во Скопје, за нови улици и патишта веќе нема место.“
„Пошироки улици да се направат, не може, капацитетот на улиците е мал, има премногу возила.“
„Премногу е густ сообраќајот, само излезот не може да се види, меѓутоа татковците на градот стално викаат нема пари.“


За да не ни се случи сообракаен колапс, експертите предлагаат изградба на 110 километри основна сообракајна мрежа, односно проширување на северниот булевар Александар Македонски и Јужниот „Македонија“ кои се поврзуваат со третиот булевар Крушевска република, на овој начин се решава проблемот со сообраќајот во градот.

„Приоритетот би требало да биде под итно да се отпочне со изготвување проектна документација за овие два булевари и потоа да се изврши и реализација на тие булевари. Со оглед на тоа што тоа не оди толку брзо, ние предлагаме уште денес да се отпочне.“

Еден од проблемите поради кои работите околу проширувањето на сообраќајната мрежа се одвиваат забавено, се финансиите, велат во градското собрание. Сепак оттаму изјавуваат дека веќе се работи на еднонасочното пренасочување на сообраќајот на неколку улици, како нивно проширување, што до целосно реализирање на проектот на екпертите треба да ги ублажи проблемите со сообраќајниот хаос.
XS
SM
MD
LG