Достапни линкови

Њујорк: „Њујорк Тајмс“ го повика Буш да им се извини на Американците за војната во Ирак


Весникот Њујорк Тајмс денеска го повика американскиот претседател Џорџ Буш да им се извини на американците за војната во Ирак. Повикот е содржан во уводникот на весникот откако во истрагата за терористичките напади врз Соединетите Држави не биле пронајдени докази кои го поврзуваат Ирак со Ал Каида. Буш, како што пишува Њујорк Тајмс, би требало да им се извини затоа што ги натерал американците да веруваат дека ирачката војна е битка против тероризмот во светот.
XS
SM
MD
LG