Достапни линкови

logo-print

Брисел: Почнува дводневен самит на ЕУ


Во Брисел почнува дводневниот самит на Европската Унија, на која главна тема е предлогот на новиот устав на Унијата. Ирскиот премиер Берти Ахерн изрази надеж дека на овој состанок би можеле да бидат надминати разликите околу правото на глас. На самитот ќе се разговара и за наследникот на Романо Проди на кој во октомври му завршува петгодишниот мандат на функцијата претседател на Европската комисија. Во оптек се неколку имиња, меѓу нив и оние на актуелните министри на Белгија, Ирска и Луксембург. Германија го поддржува белгискиот премиер Ги Верховштад, но против него се изјаснија Британија, Италија, Полска и нордиските земји.
XS
SM
MD
LG