Достапни линкови

Британската влада со нови предлози за азил и имиграција


Британската влада презентираше нови предлози со кои постоечките правилата за азил и имиграција ке се приближат кон оние во законите во другите земји на Европа. Амандамните ке го забрзааат протерувањето на оние кои нелегално престојуваат во земјата, ке овозможат поинтензивно надгледување на имигрантите кои склучуваат брак само за да останат во земјата и слично. Се чини дека предложените промени ке им го направат животот покомпликуван и на оние кои легално бараат азил за во Велика Британија.

Британската влада смета оти со промените ке се намали можноста за злоупотреба на законите за имиграција, а ке се заштитат правата на оние кои навистина треба да им се даде азил. Но, критичарите велат дека тоа е обид во последен момент да се подобрат резултатите на лабуристичката партија во оваа област. Ентони Браун од весникот Тајмс, ги следи промените во оваа област и вели дека прашањето на азилот е сложено поради потребата да се детерминира кои барања се легитимни, а кои не. Претставници на власта велат дека помегу 80 и 90 проценти од оние кои бараат азил се неосновани. Амандамнаите во еден дел се однесуваат на оние кои студираат или склучуваат брак само за оправдуување на барањето за азил. Притоа се предлага поактивен однос на властите кон овие лица, односно подобра идентификација на овие имигранти. Според овие амандамни, лицата од друга националност ке мора да покажат дека тие влегле легално во земјата, поточно имаат дозвола да престојуваат. Тоа значи дека на странците нема да им биде дозволено да склучат брак без претходно да докажат дека тие во земјата имаат легален престој. Во овој контекст Браун вели

„Постои голема загриженост во Обединетото Кралство за лажните бракови на луге кои штотуку се венчале со грагани на оваа земја или било која друга земја членка на Европската унија, само за да останат да живеат тука. Има параметри кои покажуваат дека еден од пет склучени бракови во Лондон е лажен токму поради оваа причина.“





Владата исто така предлага за лицата чиешто барање за азил е во процедура да им се скрати правото на надомест се додека не се одлучи по барањето за азил. Но, тие ке имаат на право на еден вид заем и сместување во прифатилишта во одредени области на земјата. Стефан Риланс од Групата за бегалци од Манчестер вели

„Ако на некого му се даде статус на бегалец, ние мислиме дека тој не треба да биде граганин од втор ред. Тие треба да ги имаат истите права како и останатите лица, а тоа значи и право да живеат каде сакаат.“

Критичарите велат дека овие правила според кои не им е дозволено на имигрантите да се сместат во Лондон и југоисточна Англија е еден вид на дискриминација на овие лица.
XS
SM
MD
LG