Достапни линкови

logo-print

Македонија ги знае задачите од ЕУ и веќе треба да работи на нивно остварување


Во осум поглавја посветени на европските стандарди со 34 потточки, Европската Комисија во документот за партнерството со Македонија ги нотира таканаречените краткорочни цели што земјава треба да ги исполни за да се доближи до критериумите за членство во унијата. Тие опфаќаат теми од политичката ситуација, преку човековите права и заштита на малцинствата, регионалната соработка па се до правосудството. Станува збор за документ дизајниран согласно достигањата и недостатоците констатирани во последниот извештај за процесот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската Унија. Затоа, и во документот за партнерството како и во извештајот се повторува потребата од целосно имплементирање на рамковниот договор, функционирање на институциите на државата на целата нејзина територија, конкретна акција во борбната против организираниот криминал и корупцијата, реформи во судскиот и правниот систем, спроведување на веќе донесените закони, подобрување на состојбите во конкуренцијата, функционирањето на пазарните механизми, уривањето на монополот, почитувањето на интелектуалните и авторски права. Сево ова е само дел од краткорочните цели за кои комисијата проценува дека Македонија може да ги исполни во следните 12 до 24 месеци. Тоа е всушност и целта на документот наречен европско партнерство кој прозилегува од самитот во Солун како посебен интструмент за забрзување на дијалогот. Европските партнерства се инструмент сличен на поранешните пристапни партнерства што сегашните нови земји членки ги имаа со Унијата пред да добијат статус кандидат. Од своја страна Македонија треба да изготви национална програма во која ќе одговори со рокови и методи како мисли да ги исполни задачите што се поставени пред неа. Во таа смисла експертите оценуваат во пресрет на прашалниците од Брисел Македонија не треба да седи со скрстени раце. Задачите се познати вели профессор Владимир Глигоров од виенскиот институт:

„Бидејќи веќе се напишани и испраетни овие европски партнерства, каде детално е напишано што треба да се заврши, значи паралелно со тоа што ќе се чекаат прашалниците, би било добро владата да тргне да ги исполнува тие услови, бидејќи прашалниците многу нема да се разликуваат."
XS
SM
MD
LG