Достапни линкови

Рамади: Убиени четворица Ирачани во експлозија на автомобил бомба


4-ца ирачани, од кои двајца полицајци, биле убиени при експлозија на бомба во ирачкиот град Рамади. Според очевидци, во инцидентот загинале и неколкумина американци, но нема потврда за таквата информација од американските сили. Во меѓувреме, агенциите јавија дека радикалниот шиитски лидер Моктада Ал Садр побарал од сите негови милитантни приврзаници, кои не се од Наџаф, да го напуштат градот.
XS
SM
MD
LG