Достапни линкови

Техеран: Иранскиот претседател ги предупредува Британија, Франција и Германија


Иранскиот претседател Мухамед Катами ги предупреди Велика Британија, Франција и Германија дека доколку не престанат со притисокот врз Иран околу нуклеарната програма, Техеран ќе ја прекине соработката со меѓународните инспектори. Катами оцени дека тие три земји од Европската Унија ги подржуваат Соединетите Држави во обвинувањата дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје. Претставници на Европската Унија престојуваат во Техеран на разговори за почитувањето на човековите права.
XS
SM
MD
LG