Достапни линкови

logo-print

Багдад: Ирачката влада ќе го предаде Садам Хусеин на САД две недели по преземањето на власта


Ирачкиот преоден премиер Ијад Алави изјави за телевизијата Ал Џезеира дека Соединетите Држави на ирачката влада ќе и ги предадат Садам Хусеин и другите затвореници две недели по превземањето на власта, предвидено за 30-ти овој месец. Меѓутоа, претставници на Пентагон и на Стејт Департментот изјавија дека тоа прашање сеуште не е договорено. Американските сили најавија дека по 30-ти јуни ќе ослободат околу илјада и 400 ирачки затвореници, а 5 илјади ќе останат во затвор.
XS
SM
MD
LG