Достапни линкови

ЕУ работи на 20 јазици


Меѓународните организации како Европската Унија, Обединетите Нации, НАТО, постојано ја зголемуваат нивната бирократија. Со тоа, и законите и документите им станаа се позамрсени, преполни со тешки зборови што предизвика да се појават здруженија кои се борат за употреба на чист и разбирлив јазик за секој.

Преведувачите во Европската Комисија се за жалење. Во минатата година тие имаа само единаесет јазици и милион и половина страници документи за преведување. Успеаа да преведат само шеесет илјади страници. Сега, по проширувањето, Европската Унија стана единствена организација во светот која работи на дваесет јазици. Токму затоа, пишувачите во Европската Комисија се најдоа под притисок да ја скратат должината на документите. Во исто време, во една друга прорама наречена Битка против магла, оние што пишуваат на англиски работат на поедноставување на нивниот јазик. Факт е дека кај луѓето во светот постојано расте непријатноста што им го згорчува животот предизвикана од законите кои се напишани на јазик што не можат да разберат и кога тоа е нивниот мајчин. Таков беше случајот со Криси Махер која веднаш потоа покрена граѓанско движење наречено Кампања за едноставен англиски јазик. Имено, таа во далечната илјада деветстотини седумдесет и деветата година била толку разочарана поради големите тешкотии во разбирањето на законите при нејзиниот обид да издејствува од властите добивање извесни потребни документи. Портпаролот на ова движење Џон Листер вели:

„Нашата кампања се одвива на различни нивоа. Тоа може да биде од стоење на улица со држење транспаренти до земање учество во официјалните владини комитети.“

Кампањата самостојно се финансира од издававањето документи и од курсевите што ги спроведува на кои луѓето се учат да пишуваат едноставно.

„Многу работиме со владините службеници со цел тие меѓусебно да се обраќаат со едноствен англиски, И еднаш кога тоа ќе го научат, тогаш и нивните докмунети стануваат поедноставени.“

Вели Листер. Слична кампањи постојат и во Германија, Австрија и Швајцарија. Во Германија, тоа е и официјално движење кое пак, од друга страна придонесе за појава на групи кои се противат на реформите на германскиот јазик. Пред шест години беше прифатен таканаречениот Рехт/шрајбе/реформ кој во целосно треба да се спроведува од идната година. Но, оние што се против, веќе почнаа да преземаат акции познати како реформа на реформата на германскиот јазик. Еден од нив е и водечкиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг кој првин почна да пишува по новите поедноставени правила, за потоа повторно да се врати на традиционалниот германски јазик. Инаку, зошто во таа земја се бара раформи на јазикот може да се види од германската кованица фер/вал/тунгс/ферајн/фехунг/мас/намен која означува цитираме: поедноставување на администартивните процедури.
XS
SM
MD
LG