Достапни линкови

Загреб: Посета на шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илинка Митрева денеска ќе отпатува во официјална посета на Хрватска. Шефот на македонската дипломатија ќе има средби со премиерот Иво Санадер и со министерот за надворешни работи Миомир Жужул. Тема на средбите ќе бидат заедничките аспирации на двете земји за интеграција во НАТО и Европската унија, како и можностите за поинтензивна билатерална економска соработка.
XS
SM
MD
LG