Достапни линкови

Загреб: Според Патен, кандидатурата на Хрватска за ЕУ позитивно ќе влијае врз Македонија


Случајот со кандидатурата на Хрватска за членство во Европската Унија ќе има позитивно влијание врз Македонија која неодамна поднесе апликација за прием во Унијата, како и врз сите други земји што имаат слични аспирации. Ова синоќа во Загреб го изјави еврокомесарот за надворешни работи Крис Патен. Тој потврди дека Хрватска треба да се надева на позитивно мислење од Брисел, но повтори дека само од Загреб зависи кога ќе стане членка на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG