Достапни линкови

Лондон: Кен Ливингстон нов градоначалник на Лондон


Кен Ливингстон повторно е избран за градоначалник на Лондон. Тоа, како што јавуваат агенциите, е единствената утеха на Лабуристичката партија на премиерот Тони Блер која на локалните избори претрпе тежок пораз. Имено лабуристите на овие избори завршија на третото место, по конзервативците и либерал демократите. Според аналитичарите, ваквиот резултат на владејачките лабуристи бил последица од блеровата поддршка за војната во Ирак.
XS
SM
MD
LG