Достапни линкови

Вашингтон: ЦИА ја анализира новата аудио снимка емитувана на Ал Арабија


Американската Централана разузнавачка агенција ЦИА, соопшти дека ја анализира новата аудио снимка на која, како што тврди телевизијата Ал Арабија, говорел еден од лидерите на Ал Каида. Станува збор за Ајман ал Завахри кој го критикувал американскиот план за промовирање на демократијата на Блискиот Исток. На снимката тој оценува дека тоа е план кој има за цел менување на режимите во регионот и кој нема да им донесе независност на луѓето во тој регион.
XS
SM
MD
LG