Достапни линкови

Сараево: Педи Ешдаун го поздрави признавањето на босанските Срби на масакрот во Сребреница


Високиот преставник на меѓународната заедница во Босна Педи Ешдаун го поздрави првото официјално признавање на босанските срби дека српските сили го извршиле масакрот во Сребреница, кога во илјада деветстотини деведесет и петата година беа убиени над седум илјади босански муслимани. Во изјавата Ешдаун наведува дека извештајот на комисијата на Република Српска за Сребреница ја покажува волјата на босанските срби да се соочат со одговорноста и да ги изведат пред лицето на правдата оние што се одговорни за овој масакр.
XS
SM
MD
LG